Баерн Минхен сепак нема да биде казнет поради несекојдневниот пропуст на дуелот со Фрајбург, на кој десетина секунди имаше фудбалер повеќе на теренот.
Баварците беа убедливи против последниот бундеслигашки ривал, но победата беше доведена во прашање поради прекршување на основното правило за бројот на играчи на теренот.
Сепак, дисциплинската комисија на Германската фудбалска федерација ја префрли вината на официјалните лица, поточно четвртиот судија кој направил грешка при објавувањето на замената.
Одговорните велат дека судијата покажал погрешна бројка, па Корентан Толисо не можел да знае дека треба да ја напушти играта, што подоцна значеше 17 секунди игра со 12 фудбалери на теренот во дресот на Баерн.
Со ова жалбата на Фрајбург е отфрлена, а Баерн останува со девет бода предност во однос на Борусија Дортмунд на шест кола до крајот на првенството.