СП во Катар годинава ќе биде последно со 32 репрезентации учеснички. Од следното првенство, она во 2026 година на кое домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико на Мундијалите ќе има по 48 репрезентации. Се чини премногу, но таква е одлуката на челниците на ФИФА.

Интересно, од оваа одлука најмногу ќе профитира репрезентацијата на Нов Зеланд. Имено Океанија добива сигурно место на Мундијалите, а знаејќи со какви ривали игра Нов Зеланд, повеќе од јасно е дека тие засекогаш ќе играат на Светските првенства.

Да потсетиме дека Австралија е во Азиската зона, па така Нов Зеланд има право да биде најзадоволен.

Досега иако беше прв во Океанија, селекцијата на Нов Зеланд мораше да игра Интерконтинентален бараж за да дојде до Мундијалот. Сега веќе ќе има речиси директен пласман, засекогаш.