Францускиот ПСЖ ја оправда фаворитската улога и триумфираше со солидни 2-0, над Реал Сосиедад во првиот осминафинален дуел помеѓу овие два тима во ЛШ. Отпорот на баскискиот клуб беше скршен во вториот дел, кога два француски фудбалери Мбапе и Баркола се запишаа меѓу стрелците.
Откако во вторникот на двата натпревари доминираа гостинските екипи, во средата во ЛШ победи остварија домаќините.
ПСЖ беше подобар од Сосиедад со 2-0 благодарение на двата гола во второто полувреме. Во првото немаше многу возбудувања, па ни шанси и мрежите мируваа, на задоволство на шпанскиот тим. Резултатот го отвори Килијан Мбапе во 58. минута, а нешто подоцна Баркола со својот прв гол во Лигата на шампионите се погрижи за убедлив триумф на првакот на Франција.