Барселона беше поразена на домашен терен со 0:1 во 32. коло од шпанската Ла Лига. Избраниците на Чави Ернандез загубија од Кадиз, екипа која со оваа победа излезе од зоната за испаѓање и ја доведе Барселона во ситуација да стравува за место меѓу четирите најдобри, што гарантира пласман во Лигата на шампионите.
Шпанскиот великан минатата недела беше исфрлен од Лигата на Европа по поразот од Ајнтрахт, а мини кризата ја најави голот на Лукас Перез во 48. минута од натпреварот и дополнително ја искомплицира трката за Лигата на шампионите.
Барселона со овој пораз останува втора поради киксот на Севиља. Од целата ситуација профитира лидерот Реал Мадрид кој самоуверено чекори кон титула и има 15 бода повеќе во однос на најблсиките следбеници. Во следното коло Барселона ја чека незгодно гостување кај Реал Сосиедад. Кадиз со овие три бода направи голем чекор напред во борбата за опстанок во Примера.