Наполи се врати на првото место на табелата во Серија А, барем привремено, откако славеше со 2-1 на тешкото гостување во Рим, кај Лацио.

Елиф Елмас, иако постигна гол минатото коло, повторно беше резервист и додека тој да влезе во игра, Наполи веќе ја осигура победата. Откако Ѕакањи донесе водство за Лацио уште во четвртата минута, Ким изедначи набргу потоа, а на стартот од вториот дел Квараскелија го комплетира пресвртот со својот четврти погодок оваа сезона во Серија А.

Елмас влезе во игра во 68. минута и му помогна на Наполи да ја одржи предноста. Сините од Неапол сега имаат 11 бода, исто колку Милан, но зад нив се Рома и Аталаната со по 10, кои допрва треба да ги одиграат своите мечеви.

https://twitter.com/com_I_design/status/1566158223803138048?s=20&t=UOO0S-njamHY0luQ0JjvQw