Веќе стана традиција во пресрет на крајот на сезоната Мирор да прави прогноза со суперкомпјутер кој ќе ја понесе титулата шампион на Англија, а ако се верува на оваа пресметка шампион ќе биде Ливерпул.
Суперкомпјутерот на Мирор, земајќи предвид низа параметри, предвидува дека Ливерпул ќе ја земе титулата во Англија и му дава високи 80 проценти шанси, иако Манчестер Сити моментално е на врвот.
Очигледно пресудна е формата на Сити и Ливерпул, па во оваа пресметка пресудни се последните киксови на Манчестер Сити.
Интересна е и трката за место во Лигата на шампионите. Суперкомпјутерот тврди дека Ливерпул и Манчестер Сити ќе завршат 100 отсто во Топ 4, на Челзи му даваат огромни 99,9 отсто, а Арсенал треба да се приклучи во Лигата на шампионите со 96 отсто веројатност. Тотенхем стои доста лошо со само три отсто шанси, додека Манчестер Јунајтед има само 0,3 отсто шанси.
Напната е и борбата за опстанок и нема добри вести за Норич, кој треба да биде 100 отсто во Чемпионшип, Вотфорд добива 77 отсто шанси за испаѓање, а Барнли 58 отсто. Мир нема ниту за Евертон кој има 49 отсто шанси за испаѓање. Њукасл, Лидс, Брентфорд, Брајтон и Саутемптон, од друга страна, имаат помалку од десет проценти шанси и не треба да бидат загрижени.