Тотенхем ја оствари третата победа во Премиер – лигата оваа сезона совладувајќи го Нотингем Форест на гости со 0-2. Хари Кејн беше човекот на одлука на овој меч.
Напаѓачот го отвори резултатот во петтата минута, а во 56.минута пропушти да реализира пенал.
Во 81.минута сепак го потврди триумфот против Нотингем Форест со својот втор погодок.