Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, наместо во Њујорк на гренслем-турнирот „Ју-Ес опен“, деновиве ги минува на Балканот како најголем навивач на српската кошаркарска репрезентација во квалификациите за СП 2023.
Прво тој навиваше во Белград против Грција, а синоќа и против Турција во Истанбул, а на пат помеѓу овие две дестинации успеа да им го разубави животот на две атрактивни Романки. Тој во еден од белградските хотели доби молба за заедничка фотографија, која секако ја прифати, а дури и ги изненади девојките прашувајќи ги како се на нивниот мајчин романски јазик.
Но, најинтересен момент од приказната е што третата девојка која снимаше воопшто не знаеше кој е Ѓоковиќ, па дури им се чудеше на другарките зошто сакаат да се сликаат со него.