Последната недела, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски престојуваше во Дубаи каде тренираше и учеше од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.
Нашиот најдобар тенисер доби злато вредни совети од рекордерот по бројот на освоени Гренд слем трофеи, а покрај него, во групата на Ѓоковиќ биле уште неколку српски тенисери. За привилегијата да учи и да напредува, како што тврдат медиумите кај нашиот северен сосед, Ивановски немал никакви финансиски обврски, односно тренирал бесплатно.
За споредба, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по завршувањето на сезоната престојува во мексиканското летувалиште Кабос и таму држи приватни часови, но за тоа наплаќа по 4.500 евра за 30 минути.