Лина Ѓорческа се пласира во третото коло на турнирот во Оточец, Словенија, кој има награден фонд од 40.000 долари.
Ѓорческа за еден и пол час ја совлада словенечката тенисерка Пиа Ловриќ со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4.
Македонската тенисерка е седма носителка на турнирот, а во следното коло ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Сузан Ламенс и Лавиниа Танасие.