Порториканската тенисерка Моника Пуиг одлучи да стави крај на својата професионална кариера на 28 години.
Олимписката шампионка од Рио де Жанеиро поради бројните проблеми со повреди реши да се прости од „белиот спорт“.
Таа имаше дури три операции во последните четири години.
„Оваа одлука не е лесна. Сакав да се повлечам на свој начин, но понекогаш животот има други планови“, изјави Пуиг.
На крајот од кариерата ќе работи како професионален консултант за ESPN, но и на некои тениски академии.
Пуиг освои само една ВТА титула во кариерата, а најдобар пласман и беше 27. место на ВТА листата во септември 2016 година.
Нејзин најдобар резултат на Грен слем турнирите беше четвртото коло на Вимблдон во 2013 година.