Австралискиот премиер Скот Морисон проговори за новата одлука во врска со Новак Ѓоковиќ.

Алекс Хок, министерот за имиграција, ја укина австралиската виза на тенисерот и покрај тоа што Федералниот суд пред неколку дена донесе поинаква одлука.

Хок, сепак, има право на тоа врз основа на својата функција, а таквата одлука ја поздрави и премиерот Морисон.

„По внимателно разгледување, сфатив дека министерот ја укина визата од причини за здравје и добар ред или јавен интерес. Пандемијата беше неверојатно тешка за секој Австралиец, но останавме заедно и спасивме многу животи. Имавме една од најмалите стапки на смртни случаи , зачувавме силна економија и имавме одличен одговор на вакцинацијата“, се вели во соопштението на Морисон.

Под образложение ја наведува безбедноста.

„Австралијците направија голема жртва за време на пандемијата и со право очекуваат како резултат на тоа да бидат заштитени. Тоа го направи министерот во својата акција. Нашите сили ги чуваа границите безбедни за време на пандемијата. Поради тековната истрага, повеќе нема да се огласувам. “, заклучи тој.