Ивановски загуби во тајбрејк во третиот сет со 3-7 на поени (6-7), откако после водството на Бертран во првиот сет кој го загуби со 4-6, одговори на ист начин добивајќи го вториот сет со 6-4.
Македонскиот тенисер на овој ИТФ-турнир го победи Американецот Бојка со 2-1 во сетови во првото коло, а потоа победи и против Тепмах со 2-0 во сетови.
Тој се реши повеќе да се посвети на сениорската кариера, па затоа и не игра на јуниорскиот прв гренслем кој моментално се одржува во Мелбурн, Австралија опен.