Првиот сет по една изедначена борба и припадна на хрватската тенисерка со 7:5, но пресметката во продолжение помина во доминација на нашата најдобра тенисерка.
Ѓорческа го подигна нивото на игра и на Марчинко која е 265. тенисерка на ВТА листата и дозволи само три гема. Сетот за изедначување го доби со 6:2, додека во одлучувачкиот сет Хрватката освои само еден гем.
Во битката за трофејот ќе игра против Русинката Оксана Селекаметева која 415. та на ВТА листата.