Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев одиграа одличен полуфинален меч на Вимблдон, а победата му припадна на младиот шпански ас, кој победи со 3-1, по сетови 6-7/1, 6-3, 6-4 и 6-4.
Медведев пружи силен отпор на почетокот на мечот и успеа да го освои првот сет, но потоа Алкараз го наметна својот стил на игра, што резултира со лесен пресврт и пласман во големото финале на шпанскиот ас.
Русинот беше близу до „кам-бек“ во четвртиот сет и се врати на 5-4, но не успеа да го однесе дуелот во решавачки петти сет. Алкараз е актуелен шампион на Вимблдон, а титулата ќе ја брани против Новак Ѓоковиќ.
Србинот го совлада Мусети, па ќе гледаме реприза на минатогодишното епско финале и во најава имаме нова партија спектакуларен тенис.