Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 1-2 од Летонија во петтото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП), а со тоа си го загрози второто место во групата 2.
Летонија ги изненади македонските фудбалерки со гол во првото полувреме преку Анастасија Полуховица, а предноста на гостинскиот тим траеше сè до завршницата.
Наташа Андонова за момент ја врати Македонија во игра откако во 92. минута ја затресе мрежата на Летонија, меѓутоа набрзо Олга Севцова во еден соло продор ги шокира Македонките и постигна гол за победа на гостинската репрезентација
Македонија е втора во групата 2 со седум бодови, односно еден повеќе од Летонија и во последното коло ќе се решава за освојување на второто место во групата кое ги задржува шансите за пласман на континенталниот собир.
Во последното коло девојките на Андов одат на гости кај Словенија, па Летонките против аутсајдерот Молдавија можат да го заземат второто место.