Адвокатите на Новак Ѓоковиќ открија дека нивниот клиент бил заразен со коронавирус минатиот месец и затоа не морал да се вакцинира пред да пристигне во Австралија. Додаваат дека поради тоа му е дозволен влез во таа земја иако не бил вакциниран.
Во документите доставени до судот и објавени од австралиската влада, адвокатите на Новак Ѓоковиќ пишуваат дека нивниот клиент „го остварил правото на исклучок од правилото за итна вакцинација при влез во Австралија бидејќи ја добил короната на 16 декември минатата година“.
Тие додаваат: „Значи, му беше одобрена апликација за привремена австралиска виза за влез во земјата и доби медицинско ослободување од Австралиската тениска асоцијација од неопходната вакцинација против коронавирус затоа што беше заразен со Ковид непосредно пред тоа“.
Во потврдата за изземање на Ѓоковиќ, исто така, се наведува дека 14 дена откако тој бил позитивен на тестот во декември, „немал треска, респираторни проблеми или какви било други симптоми на Ковид-19 во последните 72 часа“.
Ова му е втор пат да има корона. Првпат се зарази во Задар
Ова е прва официјална објава дека Ѓоковиќ неодамна доби корона. Ова е втор пат во последните година и пол најдобриот тенисер на светот да се зарази со коронавирус. Ова му се случи за прв пат во јуни 2020 година на турнејата Адриа во Задар, ревијален турнир организиран од него.