Леброн Џејмс секојдневно руши нови рекорди, па продолжи и синоќа во победата на неговиот ЛА Лејкерс над Атланта Хокс 134:118.
Кралот постигна 32 поени, осум скока, девет асистенции, четири украдени топки и три блокади. Ниту еден играч над 34 години во историјата на НБА немал 30/5/5/3/3 во тие категории, а Џејмс ги надмина речиси сите со 37 години.
Леброн синоќа имаше 32/8/9/4/3.
Тоа беше негов десетти последователен натпревар со најмалку 25 поени, соборувајќи го рекордот на Мајкл Џордан како најстар играч со таква низа. Мистер Ер последен пат го направил тоа во 1997 година како 34-годишник.
Неговите феноменални игри се одразуваат и на резултатите на Лејкерси. Поради специфичноста на околностите мораше да почне да игра на центарската позиција, а на ваквите натпревари Лејкерси имаат сооднос 5-0 и постигнуваат дури 127 поени во просек. Со четири победи во низа се пробија на шестото место на Западот со сооднос 21-19.