Лос Анџелес Лејкерс со 130-121 победи на гостувањето кај Атланта, а најдобар на теренот беше Леброн Џејмс на кого му недостасуваше само една асистенција за трипл-дбал.
Годините не му се пречка, токму на денот на натпреварот Леброн наполни 38 години, тоа можеби беше и дополнителна инспирација за извонредната партија.
Леброн беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот, постигна 47 поени, имаше десет скокови и девет асистенции. Најдобар кај Атланта беше Јанг со 29 поени.
Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до победа над Мајами од 124-119. Српскиот кошаркар постигна 19 поени, 12 скокови и 12 асистенции. Најфикасен на мечот беше кошаркарот на Мајами, Хиро кој реализираше 26 поени, а имаше и десет скокови.
Резултати:
Орландо – Вашингтон 100:119
Атланта – ЛА Лејкерс 121:130
Торонто – Феникс 113:104
Чикаго – Детроит 132:118
Милвоки – Минесота 123:114
Њу Орлеанс – Филаделфија 127:116
Денвер – Мајами 124:119
Голден стејт – Портланд 118:112
Сакраменто – Јута 126:125