Интерес за 24 годишниот плејмејкер има од многу клубови, а пред неколку денови беше објавено дека и Црвена Звезда ја разгледува опцијата за негов ангажман.
Познатиот новинар специјализиран за европската коарка, Лука Далесандро денеска преку својот Твитер профил потврди дека рускиот гигант УНИКС Казан е заинтересиран во своите редови да го донесе Нено.
Рускиот тим веќе испратил понуда за кошаркарот, а од Валенсија дале дознаење дека ќе го пуштат да си оди само трајно, не како позајмен играч.
Инаку, УНИКС Казан е еден од најпознатите руски тимови, а минатата сезона го освои третото место во тамошниот шампионат.