Селекторот на Словенците, Љубомир Врањеш во интервју за „Сиол“ ја искоментира македонската репрезентација. Тој е претпазлив во изјавите, бидејќи знае дека нашите ракометари можат да ги изненадат и најдобрите светски селекции.
„Македонците се силен тим, брзо знаат да ги понесат емоциите, тие се многу горди и со цело срце играат за националниот тим. Тоа секако е најголемата опасност за нас. Опасни се во првите натпревари на големите турнири, дури победувале и репрезентации како Франција и Данска. Тие се добар тим, но исто и ние. Имаат силни кружни напаѓачи. Не знам многу како ќе игра Кирил Лазаров, кој е фантастичен ракометар, но тој самиот не може да го добие натпреварот. Почнаа да играат брз ракомет и ако нивните голмани бидат расположени тогаш ќе бидат многу опасни“, анализира Врањеш.