Ракометната репрезентација на Бразил со триумф стартуваше на олимпискиот турнир во Париз, откако го изненади фавортот, селекцијата на Шпанија со убедливи 29-18.
Бразилките уште во првите триесет минути покажаа дека се многу подобар ривал и успеаја да наметнат силно темпо кое резултираше со предност од пет гола на паузата (10-15). Шпанија се обиде да влезе подобро во вториот дел, но „кариоките“ продолжија со одлична игра и само ја зголемуваа разликата, за на крајот да запишат сигурен, и убедлив триумф.
Најефикасна во победничкиот табор беше со Матиели со шест голови, а на спротивната страна најмногу се истакна Лопез, која оствари еден гол помалку. Во следното коло Бразил ќе се судри со Унгарија, додека Шпанките ќе мораат да остварат триумф против Ангола.