Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов заедно со екипата на Фехервар оствари триумф од 2-1 против Сумкаит во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Абдулазада погоди во 20. минута за предност од 1-0 на домаќинот, а потоа Качајев доби црвен картон по што следеше пресвртот на Фехервар.

Серафимов ги одигра сите 90 минути за Фехервар, а на почетокот на средбата доби жолт картон.