Селекцијата на Украина со 3:0 успеа да ја победи Ерменија во меч од Лигата на Нации во сегментот Ц. Па така сега Украинците имаат шест бодови од двата меча во групата -1. Со оглед на војната во Украина, која и натаму беснее по агресијата на Русија, овој меч се одигра на неутрален терен и тоа во Лоџ во Полска.
Во текот на целиот меч тимот на Украина беше подобар, имаше повеќе шанси а стрелци на головите беа Малиновски, Караваев и Миколенко.