Италијанскиот репрезентативец Доменико Берарди стана првиот фудбалер во ТОП 5 лигите во европа кој оваа сезона успеа да стигне до 10 постигнати гола и 10 реализирани асистенции. Тој на денешниот дуел на неговиот Сасуоло против екипата на Рома успеа да реализира една асистенција и да дојде до 10-тата оваа сезона во Серија А.

Претходно тој успеа да дојде и до бројката од 10 постигнати гола за Сасуоло во Серија А, со што дојде до 6. место на листата на најдобри стрелци во италијанското калчо.