Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, е разочаран по ремито со Осасуна во 17. коло од Ла Лига (2:2).
Каталонците двапати водеа , но домашните успеаја да постигнат гол во финишот.
„Не е доволно реми. Добро се спротиставуваме. На 2:1 требаше да ја задржиме топката, но не успеавме. Многу се мачевме. Премногу. Не можевме да играме мирно на противничката половина од теренот. Не успеавме. Не можевме да се справиме со негативната динамика што ја достигнавме“, изјави Чави и продолжи:
„Го имаме придонесот на младите. Тие го поддржуваат тимот во овие тешки моменти. Нивната работа е неверојатна. Мора да продолжиме да веруваме, но ќе биде тешко да се промени оваа динамика. Имавме победа во џебот и дозволивме да ни избега“.
Легендарниот фудбалер ја истакна и целта на својот тим оваа сезона со оглед на тоа што е само осми на табелата со 18 бода помалку од лидерот Реал Мадрид.
„Целта е да се најдеме меѓу четирите најдобри и да се обидеме да се замешаме во борбата за титулата. Зошто да не? Ќе биде тешко , но мора да продолжиме да веруваме “, потенцира Чави.
Каталонците во последните две кола од Ла Лига освоија само еден бод, а во следната рунда ќе се сретнат со Елче.