За првпат по речиси 100 години официјални натпревари, се случи во првите шест натпреварувачи да има дури пет скокачи од една земја.

Норвежаните успеаја да го направат тоа во неделата, но никој од нив не победи.

На подиумот завршија Даниел Андре Танде и Мариус Линдвик, но зад Јашанец Риоју Кобајаши кој славеше со скокови од 129,5 и 139 метри.

Во првите пет се најдоа Роберт Јохансон, Халвор Егнер Гранеруд и Јохан Андре Форфанг.

https://www.youtube.com/watch?v=eouWagDGadg&t=14s

Ден претходно триумфираше Австриецот Стефан Крафт со скокови од 138 и 130 метри.

Тоа беше прв триумф на Крафт во Светскиот Куп по две години пост.

Второто место го зазеде Норвежанецот Гранеруд, а трет на подиумот беше Полјакот Камил Штох.

Подиумот им побегна на двајца Германци, Карл Гајгер и Маркус Ајзенбихлер, кои ја делеа четвртата позиција.

Андреас Велингер, повратникот по долга пауза поради повреда, имаше одличен скок. Велингер го зазеде шестото место, а во втората серија имаше  скок од 139 метри.

Во генералниот пласман води Гајгер со 414 бодови пред Кобајаши со 316 и Крафт со 311.

Најдобрите светски ски-скокачи се селат во Енглеберг, Швајцарија, каде за следниот викенд се закажани два поединечни натпревари.

Потоа започнува новото издание на традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.