Шведската скијачка Сара Хектор е победничка на велеслаломската трка во Куршевел, Франција.
Одличната Швеѓанка беше најбрза и во првото возење во кое имаше 11 стотинки предност пред Французинката Теса Ворли и 34 стотинки подобро време од третопласираната Американка Микаела Шифрин, победничката на воведните два велеслалома.
Сара Хектор успеа да одолее на притисокот и да слави во третиот велеслалом сезонава со 35 стотин ки подобро време од Шифрин.
Ворли заврши без подиум завршувајќи четврти со заостанување од 68 стотинки зад Хектор, а третото место и припадна на Италијанката Марта Басино, која заостануваше 60 стотинки зад победничката.
Во поредокот за велеслалом води Шифрин со 280 бода, пред Хектор кој има 202 бода, а на третото место со 155 бода е Словачката Петра Влхова, која на денешниот велеслалом заврши на петтото место.
Американката Шифрин ја држи лидерската позиција во генералниот пласман со 750 бодови. Втора со 635 поени е Италијанката Софија Гоџа, која не го заврши првото возење. а на третото место е Влхова со 435 бодови.
Велеслалом, конечен пласман:
1.Сара Хектор ШВE 2: 13.03
2. Микаела Шифрин САД + 0,35
3.Марта Басино ИТА 0,60
4.Tessa Worley ФRA 0,68
5.Петра Влхова СЛК 1.24
6.Марина Гасиеница-Даниел ПОЛ 1.36
7.Рамона Зибенхофер АУТ 1,54
8.Рагнхилд Мовинкел NOR 1,64
9. Стефани Брунер AUT 1,71
10.Мишел Гисин ШВА 1,78
Во Светскиот куп денеска скијачите ќе возат ноќен слалом во Мадона ди Кампиљо.