Норвежанецот Мариус Линдвик (455,1 поени) победи во последната етапа од 43-та сезона на Светскиот куп во ски скокови пред 12.500 гледачи на Планица, додека Големиот кристален глобус му припадна на Јапонецот Риоју Кобајаши.
Втор на последната трка сезонава во Планица беше Јапонецот Јукија Сато (446,8 поени), а трет Словенецот Петер Превц (438,6).
Неговиот сонародник Жига Јелар денеска го зазеде шестото место со 435,2 поени, а го освои малиот Кристален глобус во ски летови со вкупно 230 поени. Зад него во рангирањето во скијачките летови е уште еден Словенец Тими Зајц (210), а трет Австриецот Стефан Крафт (200).
Кобајаши (1.589) денеска беше осми што му беше доволно да заврши пред Германецот Карл Гајгер (1.500) и да го освои Големиот кристален глобус. Норвежанецот Халвор Егнер Гранерунд (1.205) беше трет во генералниот пласман.
Во Купот на нации победија Австријците (5-694), додека Словенците беа втори (5.500), а Германците трети (5.339).