Првиот златен медал беше доделен на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Норвежанката Тереза Јохаг победи на 15 километри мешан скиатлон, половина во класичен и слободен стил.
Така таа стигна до третото злато, а и до првото олимписко, откако досега имаше две светски злата, со резултат 44:13,7.
Русинката Наталија Непријаева го освои среброто, а Австријката Тереза Стадлебер ја освои бронзата.