Холанѓанката Ирена Шоутен испиша историја на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Таа до златниот медал во брзо лизгање на 3.000 метри стигна со олимписки рекорд, соборен по две децении.
Таа со резултат 3:56.93 ја заврши трката пред Италијанката Франческа Лолобриџа (3:58.06) и Канаѓанката Изабела Вајдеман (3:58.42).
Таа победи престигнувајќи ја својата ривалка во последните метри и го запиша своето име во книгата на рекорди на ЗОИ.