Хокеарките на Соединетите Американски Држави ја совладаа Швајцарија со 8:0 во третото коло од групата А на Зимските олимписки игри.
За Америка по два гола постигнаа Хилари Најт, Џеси Кампфер и Кели Панек, а по еден Аманда Кесел и Даниел Камеранези.
Американките се први во групата со сите три победи, додека Швајцарија е на последното место со трите порази.
Во следното коло Америка ќе игра со Канада, додека Швајцарија ќе се сретне со Финска.
Претходно денеска, во групата Б, Кина по пенали ја победи Јапонија. По регуларниот дел од натпреварот резултатот гласеше 1:1.