Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е незадоволен од судењето на натпреварот меѓу неговата екипа и Џенова (0:0).
Посебно е лут на судијата Росарио Абисо кој го поништи победничкиот гол на Никола Заниол.
Судијата одлучи да не го признае голот по асистенција на ВАР бидејќи Абрахам направи прекршок на стартот од акцијата.
„Доколку судијата овде донесе правилна одлука, тогаш треба да го смениме спортот, кој одамна не е спортот во кој сите се заљубивме. Тогаш тоа е друг спорт. Ако е тоа фаул, ова не е фудбал. Го нема повеќе, исчезна, се се смени. Мора да го прекрстиме некако поинаку. Треба да смислиме друго име, бидејќи тоа е дефинитивно друг спорт“, изјави Мурињо.
Црвен картон доби и Заниоло поради приговор на судиската одлука.
„Тој го доби црвениот картона затоа што му рече на судијата: „За што ? За кој к** свириш фаул?“ Сега, кажи ми, дали Џорџо Кјелини во Торино или Златан Ибрахимовиќ на стадионот во Милано би биле испратени во соблекувалната ако го кажат истото нешто?“, се запраша португалскиот стручњак.