Франција го елиминира Мароко со 2-0 во второто полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар, а по последниот судиски свиреж почна хаосот и тепачка меѓу навивачите на Мароко и Франција во Монпелје при што загина едно 13-годишно дете.

Автомобил удрил во момчето, кое итно било пренесено во болница, но докторите не можеле да му го спасат животот.

Полицијата го пронашла возилото во близина на несреќата и во моментов се истражува случајот.