Актуелниот европски првак Италија, кој во своето портфолио е и поранешен светски првак, ќе биде полуфиналната пречка за Македонија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Селекцијата што ја предводи Роберто Манчини урна многу рекорди, а во последен момент се „лизна“ и не успеа директно да се пласира на мундијалот. Таа чест и припадна на Швајцарија.

Селекторот Роберто Манчини, веднаш по ждребот, во директното вклучување за ФИФА, истакна дека Македонија е силна селекција.

„Ја добивме Македонија за прв ривал. Тоа е силна селекција и заслужува респект. Потоа ќе биде уште потешко, победникот ќе мора да оди на финална пресметка како гостин во Португалија или во Турција“, изјави Манчини.