ПСЖ одигра сигурно и стигна до победа во Лига 1 откако беше подобар од Анже со 2-0 на „Паркот на принцовите“ .

Францускиот шампион дојде до предност со голот на Екитике во петтата минута за радост на „светците“, а Меси во 72. минута ја запечати победата.

Парижаните се лидери во Лига 1 со 47 бодови, шест повеќе од Ленс и осум бода од Олимпик Марсеј.

Останати резултати:

Лориен – Монако 2-2
Ница – Монпелје 6-1
Стразбур – Ленс 2-2