Торино го изненади шампионот Милан со 1:0 на „Сан Сиро“ и тоа во натпревар кој траеше 120 минути. Во дуелот од осминафинале на Купот, Торино направи големо изненадување и со голот на Адопо во 114-тата минута стигна до победа, и голем триумф на гостите.
Победата на Торино е уште повредна бидејќи од 70-тата минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Џиџи. Милан и со фудбалер повеќе цели 50 минути, не успеа да го скрши отпорот на противникот, туку и прими гол со кој доживеа елиминација од Купот.
Адопо во контранапад, доби топка од Бајеје, и ја смести во мрежата на Татарушану за 0-1. Иако „росонерите“ тргнаа во офанзива и имаа неколку опасни удари, не успеаја да се вратат и доживеаја елиминација.
<https://youtu.be/54isi74rlfcul>
Во четвртфиналето Торино го чека подобриот од пресметката меѓу Фиорентина и Сампдорија.
Ова е првпат во последните 13 години Милан да не се пласира меѓу најдобрите осум екипи во Купот.