Лече поведе со автоголот на Ернандез по само три минути игра, а потоа Баскирото зголеми на 2-0 во 23. минута од средбата, по што на Милан му претстоеше пеколно продолжение за да се спаси од пораз.
Леао погоди за 1-2 во 58. минута, додека бод на „росонерите“ им донесе Калабрија, кој се запиша во листата на стрелци на 20 минути пред крајот на натпреварот.
Милан е втор со 38 бодови, односно девет помалку од Наполи и еден повеќе од Јувентус.