АЕК Ларнака и вторпат го победи Днипро, овојпат дома со 3-0, и обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Македонскиот интернационалец Иван Тричковски не беше дел од тимот на АЕК Ларнака, но ќе игра во групната фаза од второто по ранг европско натпреварување.
Ѓурчо во 21.минута донесе водство за кипарскиот тим, а Рафа Лопез во 45.минута зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Николас Енглезу во 78.минута од мечот.