Екипата на Манчестер Јунајтед продолжува со лошите игри и уште полоши резултати во Премиер – лигата. Тимот на Ерик тен Хаг загуби “чеканите” на Вест Хем со 2-0 во Лондон.
Џерод Боувен го отвори резултатот во 72.минута, а шест минути подоцна Мохамед Кудус го потврди триумфот на Вест Хем.
.
Гостите од Манчестер комплетно го загубија „компасот“ во завршните минути, а Вест Хем на крајот забележа нова победа. Тимот на Дејвид Мојс сега има 30 бода и се искачува на шестата позиција, додека Јунајтед има два бода помалку, доволни за осмото место во Премиер лигата.
Во следното коло Вест Хем има тежок испит кај Арсенал, додека Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека незгодниот тим на Астон Вила.