Фудбалската школа на Барселона, “Ла Масија” е огромен расадник на фудбалски таленти а многумина веќе се и стандардни во првиот тим на Барса. Плејада на млади таленти излегоа од неа како Педри, Гави, Балде кои веќе се и шпански репрезентативци, Фермин Лопез, а од уште помладите тинејџери тука е и Ламине Јамал.
Тренерот Чави се почесто им дава шанса на талентите од школата на Барса, па оваа сезона дебитираше и Марк Гују кој на дебито постигна гол, а дебитираа и Хектор Форт, Марк Касадо.
На клупата како резерви чекаат шанса и големите таленти Пау Кубарси и Пау Прим. Тука е и тинејџерот од Мали, Ибрахим Дијара кој настапуваше на СП за фудбалери до 17 годинич и се покажа како одличен реализатор и асистент.
Но сепак едно име треба добро да се запамети, а тоа е 16-годишниот креативец Ноа Дарвич кој што со своите игри и потези многу потсетува на својот идол Чави Хернандес. Овој вундеркинд од “Ла Масија” треба да е наследникот на генијалецот Чави, а се очекува да дебитира во првиот тим оваа сезона. Дарвич е роден 2006 год. дојде од тимот на Фрајбург, а игра како офанзивен играч за врска за тимот на Барселона Б.
Во продолжение погледајте две компилации со фудбалските мајстории на големиот фудбалски бисер на каталонскиот гигант, Ноах Дарвич.