Позитивно за тимот од Колорадо е тоа што конечно и Џамал Мареј одигра одличен натпревар и беше прв стрелец со 32 поена. Сепак, повторно сите почести одат кај Никола Јокиќ кој од синоќа е најдобар во историјата на Нагетс во уште една статистичка категорија.
Тој постигна 31 поен, 11 скока и 7 асистенции, а стана лидер по бројот на остварени скокови. Сега, Србинот има 6.631 прифатени топки и го помина Ден Ајсел кој безмалку четири децении беше најдобар во оваа категорија. Уште од минатата сезона Јокиќ е прв асистент во постоењето на Нагетс, а се наоѓа на четвртата позиција на листата на стрелци, зад Алекс Инглиш, Ден Ајсел и Кармело Ентони.
Во тимот на Бруклин, кој го претрпе петтиот пораз во низа, најдобри беа Томас со 18 и Џонсон со 17 поени.