Астон вила мораше да се задоволи само со бод против Шефилд јунајтед (1-1) во 18. коло на Премиерлигата.
Екипата од Бирмингем беше подобар ривал на теренот, но првиот гол ѝ беше поништен поради прекршок по асистенција на ВАР-технологијата во 59. минута.
Шефилд во 87. минута преку Арчер ги шокира домаќините и поведе со 1-0, но италијаскиот напаѓач Ѕаниоло го спаси фаворитот од пораз дури во седмата минута од судиското надополнување.
Астон вила е на делба на првата позиција со Арсенал со по 39 бодови, додека Шефилд е претпоследен со девет бода.