Поранешниот италијански шампион Милан одигра нерешено и освои само бод на гостувањето кај Салернитана (2-2) во 17. коло од Серија А.

„Росонерите“ не чекаа долго за првиот гол бидејќи во 17. минута Томори ја погоди мрежата на домаќините за водство од 1-0, но Фацио пред крајот на првото полувреме изедначи на 1-1.

Кандрева во 63. минута ги шокира гостите од Милано кога погоди за 2-1, а потоа Салернитана успешно се бранеше сè до истекот на регуларните 90 минути кога Јовиќ постигна гол за 2-2.

Милан има 33 бодови на третата позиција во Серија А, додека зад него со 30 бода е Фиорентина која вечерва го совлада Торино со 1-0.