Екипата на Маурицио Сари постигна по еден гол во двете полувремиња, и тоа најпрво преку Гендузи во деветтата минута, а потоа преку Закањи во 67. минута.
Лацио има 24 бодови на деветтата позиција, односно четири помалку од топ-4 позициите во калчолигата.
Џенова исто така оствари гостинска победа. Тимот на Алберто Џилардино славеше со 1-2 против Сасуоло.
Пинамонти го доведе домаќинот во водство, но потоа следеше пресврт во корист на Џенова со головите на Гудмундсон и на Екубан.