Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во МЛС, во дресот на Торонто.
Најавениот трансфер го потврди и познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.
Договорот на Инсиње истекува во јуни 2022 година и тој ќе го води Наполи до крајот на актуелната сезона, а потоа ќе го носи дресот на Торонто.
Како што беше претходно најавено, Торонто ќе му дава 11 милиони евра нето по сезона и уште 4,5 преку бонуси.
Договорот ќе биде на пет и пол години, иако Инсиње веќе има 30 години.
Сезонава за Наполи одигра вкупно 18 натпревари, а постигна пет гола и запиша шест асистенции.
За Наполи одигра вкупно 415 натпревари на кои постигна 114 гола и 95 асистенции.