Британскиот тенисер Џејми Мареј го коментираше случајот со Новак Ѓоковиќ, кој доби медицинско ослободување и ќе настапи на Австралија Опен.
Братот на Енди Мареј, смета дека одлуката не би била иста доколку тој на пример го поднесел тоа барање.
„Да бев јас тој што не беше вакциниран, не верувам дека ќе добиев ослободување. Секоја чест што го доби“, изјави 19-от рангиран во двојни во светот.