Третата станица од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Инсбрук не се одржа поради многу силниот ветер во овој австриски ски-центар.
Натпреварот требаше да започне во 13.30 часот, а потоа неколку пати се одложуваше за да се чека подобро и побезбедно време за скокање.
На крајот беше одлучено дека нема можни услови за натпревар и настанот беше откажан, а во среда ќе се одржи натпреварувањето во Бишофсхофен.
Првите две натпреварувања во Оберстдорф и Гармиш-Партенкирхен ги освои Јапонецот Риојо Кобајаши, кој беше најдобар и во квалификациите во Инсбрук.
Во генералниот пласман на новогодишната турнеја води Кобајаши со 593,2 бодови, втор е Норвежанецот Мариус Линдвик со 580 бодови, а трет е словенечкиот натпреварувач Ловро Кос со 575,5 бодови.
https://twitter.com/vier_schanzen/status/1478365904656293890?s=20