Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник во велеслаломот што беше закажан за денеска во Крањска Гора.
Хенрик Кристоферсен победи со одлично второ возење во Крањска Гора. По првото возење Кристоферсен беше петти, но заостанувањето беше мало и тој беше во игра за победа.
Сите четворица кои беа пред него во првото возење направија полошо второ возење и Норвежанецот на крајот ја однесе победата.
Тој славеше со 33 стотинки подобро време од второпласираните Лукас Братен и Марк Одермат , кој и покрај тоа што не победи, имаше причина да слави бидејќи го освои Малиот кристален глобус во велеслалом.
Лоик Мелард имаше голем скок во однос на првото возење, напредувајќи од 18-то на четвртото место.
Велеслалом:
1. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 2:18.28
2. Лукас Братен (Норвешка) +0,33
2. Марко Одермат (Швајцарија) +0,33
4. Лоик Мејард (Швајцарија) +0,69
5. Стефан Бренштајнер (Австрија) +0,77
6. Лука Де Алипрандини (Италија) +0,81
7. Атле Ли Мекграт (Норвешка) +1,13
8. Џино Кавизел (Швајцарија) +1,45
9. Мануел Фелер (Австрија) +1,51
10. Жан Крањец (Словенија) +1,53