Италијанката Софија Гоџа е победничка на спустот што се одржа денеска во Вал д’Изер. Гоџа славеше пред Американката Бризи Џонсон и Австријката Миријам Пучнер .
Софија Гоџа во новата сезона влезе во одлична форма. Сезоната практично само што започна, а Италијанката ја забележа четвртата победа сезонава.
Гоџа доминираше во Лејк Луис каде освои три победи, две во спуст и една во супервелеслалом, потоа во Сент Мориц беше втора во супервелеслалом, а денеска повторно славеше во Вал д’Изер во спуст.
Како што се испостави, ова ќе биде сезона на целосна доминација на Гоџа во брзите дисциплини.
Тука славеше со 27 стотинки подобро време од Американката Бризи Џонсон, додека Австријката Мирјам Пучнер заостана 91 стотинка на третото место.
Спуст, Вал д’Изер:
1. Софија Гоџа (Италија) 1: 41,71
2. Бризи Џонсон (САД) +0,27
3. Миријам Пучнер (Австрија) +0,91
4. Рамона Зибенхофер (Австрија) +1,33
5. Илка Штухец (Словенија) +1,37